Незаборавно лето

Бев многу малечка кога те запознав тебе. Секогаш бевме заедно и игравме секакви видови на игри. Нашата нај омилена игра беше ,,Криалица". Кога бевме прво одделение заедно седевме во училишната клупа. Јас кон тебе чуствував некакви чуства кои неможев да ги објаснам. Но тоа и не го заприметував. Поминаа години а јас сеуште ги имав тие чуства кон тебе. Тогаш веќе знаев дека тоа значи ЉУБОВ. Тоа го чував во тајност. Не сакав да дознаеш бидејќи знаев дека ти мене ме сакаш, но другарски. Јас не сакав да заврши нашето другарство па затоа ништо не ти кажував. Патиштата ни се разделија. Секоја година се надевав дека ќе дојдеш но ти не доаѓаше. Оваа година немав надеж дека ќе дојдеш. Но ти дојде. И ме побара мене. Јас бев возбудена. Ми рече да излеземе. Бев во шок но прифатив. Стигнавме во парк. Ми рече дека треба да зборуваме на озбилна тема. Јас го слушав. Ми рече дека ме сака. Дека уште од малечок ме сака. Се вцрвени. Но да признаам и јас се вцрвенив.Кога го кажа тоа и јас собрав сила и му кажав дека и кај мене е истото. Сега бевме како црвени пиперчиња. Нашите очи беа вперени еден во друг. Премногу го сакам. Собрав храброст и го прегрнав. Тој ми возврати на прегратката. Бевне прегрнати некои 5минути. Се фативме за раце и прошетавме во градот. Од тогаш секој ден сме заедно. Одлучи да остане тука. За да бидеме заедно. Аии премногу го сакам!!!Прекрасно лето!
Прво место