Незаборавно лето

Љубовта е чувство кое човекот не може да го опише. Ако се сретнеш со некоја личност и наеднаш ти затрепери срцето знај дека таа е таа личност што ја бараш. Љубовта е нешто што не можеш лесно да ја заборавиш. Баш имам таква случка наречена "Љубов на прв поглед", таа личност беше во моето срце цели 2 години. Кога прв пат ја видов таа личност си реков нее не е за мене... Но времето ми даде некаков знак дека тој е за мене. Јас прво го симпатизирав, а потоа го засакав уште повеќе. Него го гледав само на училиште. Кога ќе де доближеше до мене мислев дека ништо друго не ми треба во тој момент. Еден ден мојата другарка од мојот клас му кажа дека јас го сакам. Тој ништо не кажа и само се насмеа и ме погледна. Јас тогаш многу и се налутив на другарка ми но срцето ми велеше ако сега барем знае... Времето минуваше и помина 1 година јас бев 7 одд. а тој беше 9одд. Тој знаеше и јас многу се срамев кога ќе се доближеше до мене. При крајот на оваа учебна година тој многу ми се доближуваше. Јас си мислев дека и тој ме сака и дека се обидува да ми каже. Но тоа не се деси. Јас уште верувам дека некој ден пак ќе се сретниме. И секој треба да си ја проба среќата и секој треба да верува во љубов на прв поглед. Ова за мене беше љубов на прв поглед, а за него незнам дали беше така. Но јас уште се надевам и нема да се откажам се додека не се појави некој друг во мојот живот. Така да на сите им препурачувам да не се откажуваат толку лесно. Може некој ден ќе се деси чудо. Верувајте во љубов на прв поглед затоа што може да се промени вашиот живот со таа личност....
Трето место