top of page
dba4ad55c2711c358696d13381e27793.jpg

Датум врежан длабоко во срцето

Секоја приказна почнала на некој датум. Така и нашата.. се почна на тој 11ти Август.. се почна со таа прва порака која ти ја испратив.. во пораката полна со илјадници чувства и емоции.. ја испратив но не очекував никаков одговор.. но тоа што ти го напиша беше многу далеку од моите очекувања.. но повторно се плашев.. се плашев дека ќе те повредам со тоа што сум далеку.. се плашев од тоа што ако заминеш од мене.. како повторно ќе можам да сакам некого со сето свое срце.. но сепак прифатив.. како велат се додека не се соочиш со стравот ќе се плашиш од него.. бев спремна на секаква болка, тага, разочарувања, изневери, од тоа дека ќе бидам скршена до најмало парче.. но сепак прифатив.. не се откажав од тебе.. не се откажувам се уште.. живеам со надеж дека ќе го доживеам и тој ден кога ќе кажам "да".. кога во собата ќе ечат само гласовите на нашите деца.. живеам со надеж дека ќе ја преболам и оваа болест која ме убива ден по ден.. иако можеби никогаш не ме сакаше.. онака искрено.. можеби никогаш не ни ја заслужив твојата љубов.. но сепак се надевам.. нели надежта последна умира.. се додека ова срце чука, ќе имам надеж за двајцата нас.. и знам дека ќе го прочиташ ова.. се надевам ќе сфатиш колку само те сакам..

© 2023 by Sasha Blake. Proudly created with Wix.com

bottom of page