
Не моли за љубов, што е твое ќе си дојде
А за љубов вреди ли СЕ да направиш? И ако знаеш дека никогаш нема да ти биде возвратено. Да даваш се од себе и пак да си на нула. Да се бориш сам против сите и пак да губиш. Да гледаш како личноста што ја сакаш те напушта. Да сакаш а да не си сакан. Вреди ли да молиш за љубовта? Не, не вреди да молиш за љубов од некој што никогаш нема да ти ја возврати. Додека сакав-сакав, молчев, страдав, бев скршена, дури и молев. Но готово е. Нема да дозволам повеќе да бидам згазена затоа што сакам. Ќе одам против себе и ќе успеам. Зарем не заслужив ни малку љубов? И јас имам срце кое сака да биде сакано. И јас имам душа која чека некој да ја стопли. Чекам и чекам да дојде некој а се уште го нема. Некогаш си помислувам "можеби не постои таков за тебе. Ти се родена да бидеш сама". Ама научив едно. За љубов никогаш не треба да молиш. Што е твое секогаш ќе си дојде. Ако си заслужил господ секогаш ќе чува некој за тебе и ќе ти го подари во моментот кога најмногу ти треба. Се друго е пролазно.