Реалноста беше далеку од моите замисли за нас

Празна соба.. доцни часови.. мисли кои ме мачат секоја вечер.. Повторно се враќам на пишувањето.. барем на минута ме одделува од светот.. мислите ме носат пак кај тебе.. како и секогаш.. Секогаш со различна доза на емоции.. морам да признаам емоциите кои сега ги имам до максимум.. повторно признавам ми фалиш.. ме убива тишината во оваа соба.. ме гонат мислите далеку од доброто.. повторно стуткана седам во истото ќоше како и секогаш.. и замислувам на момент дека те имам.. дека си до мене пробувам барем да замислам но џабе е.. ми ја уништи секоја замисла за нас.. некогаш те имав барем во соништата.. а сега? сега сонувам како полека те губам.. се плашам од тоа дека ќе те изгубам.. но те имам ли за да те изгубам? Не, нели? Само во моите мисли ти си тука до мене.. онака гушнати.. ги гледаме ѕвездите.. среќни заедно.. никој не може да не раздели.. но сето тоа.. само во моите замисли мислам дека полека но сигурно ги убиваш и тие замисли за нас.. Реалноста е далеку, многу повеќе од тебе. Но знаеш.. ти болиш повеќе од неа.. во реалноста ние сме два различни света.. со различни желби и спомени.. сосема различни карактери.. но сепак не спојува само едно нешто.. нашите срца.. две скршени срца.. кои се пред прагот на погребот на љубовта.. но сепак се држиме цврсто.. до кога ќе покаже само времето..