
Мојот сон
Секој има сон, кој би сакал да е јаве. Сите ние, имаме свои цели, идеали и можности. Иако некој ќе ви каже дека нема сон, напротив ве лаже. Секоја личност некаде длабоко во себе сонува за нешто. Секое дете сонува за подобар пар играчки или видео игри, секоја мајка сонува како нејзината грижа околу детето се намалува... Секој стар човек сонува како повторно е млад. А знаете ли што сонувам јас. Јас сонувам за тоа да станам успешна личност, личност со кариера. Личност која има свој бизнис и свои работници. Но јас никогаш не ги ставам парите на прво место, за мене семејството е на прво место. Јас сонувам да створам семејство и да живеам за него, да живеам и да се трудам да им обезбедам многу добар и удобен живот. Можеби на многу луѓе им е чуден мојот сон, но верувајте работата, парите, коли, куќи не се среќа во животот, среќата во животот е семејството.
Второ Место