top of page

Како дојде светот до ова?

3efff8aae717a0c7fbd9e6d4bba67000.jpg

Како дојде светот до ова? Како? Никој ништо не превзема. Живееме во свет каде што никој не го интересира за нашиот живот, како ние живееме, ни даваат лажни ветувања дека ќе средат се, но тоа се само лажни ветувања од големците. Животот ни виси од луѓето кои се побогати од нас. Нема доволна плата за да опстане едно семејство. Зошто никој не помага. Зошто? Има многу луѓе кои се мачат, за да опстанат во живот. Како на пр. во Сирија, има војни децата ги убиваат некои се трудат да избегаат од тоа место за да се спасат. Сите големци само даваат лажни ветувања, а никој не ја гледа состојбата на луѓето. Научниците докажуваат што ќе се случи, а не можат да ја кажат вистината затоа што ќе ги убиеле. Големците не веруваат во тоа, кажуваат дека е само глупост дека такво нешто не постои. Не превземаат за тоа што се случува во Индија, Кина. Секој ден се зголемува на голем број луѓе што умираат. Уништуваат шуми, за да направат јаглен и др. Загаден воздух кој што не ги интересира на големците дека тоа некого наштетува. Многу луѓе страдаат и се мачат со својот живот, некој од нив морат да прават како што ќе кажат големците за да можат да преживеат. Колку животни се умрени од тоа што ја уништуваат шумата. Колку ли дрвја се исечени. Колку ли? Нема чист воздух без нив, ако сите се исечат како ние ќе живееме? Но, никој ништо не кажува, никој ништо не превзема сите си ќутат. Што ќе кажеме ние на идните генерации. Што ќе кажеме? Дека не можевме да го спасиме светот, дека никој ништо не превзема. Зошто да се срамат идните генерации од нас. Ќе не проколнуваат за тоа што не сме обезбедиле добра иднина за нив, ќе не нападнуваат. Но, има уште што да се прави можеме да средиме за идните генерации, можеме да обезбедиме подобра иднина, не е доцна за ништо. Не е доцна да направиме подобра иднина за нас и за идните генерации. ,, Во иднина да бидат од нас задоволни идните генерации, а не да се срамат, не е доцна да се среди се во светот за да нема никакви проблеми со семејствата сите да живеат онака како што заслужуваат"

Автор: Патот кон успехот.

© 2023 by Sasha Blake. Proudly created with Wix.com

bottom of page